Дома Фудбал Maртин Мирчевски се врати во Пелистер!

Maртин Мирчевски се врати во Пелистер!

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го потврди враќањето на Мартин Мирчевски, кој од следната сезона повторно ќе го носи зелено-белиот дрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со овој потег, битолскиот клуб јасно ги истакнува своите амбиции за брзо враќање во Првата македонска фудбалска лига, а ангажманот на искусниот офанзивец претставува значително засилување.

Дваесет и деветгодишниот Мирчевски е производ на школата на Пелистер, а во својата кариера настапуваше и за клубови во странство, меѓу кои ТСЦ и Железничар.

Во изминатата сезона тој беше дел од составот на Силекс, а сега повторно се враќа во матичниот клуб со кој ќе се обиде да помогне во остварувањето на зацртаните цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oткриени детали од договорот: Клоп на клупата на Германија ќе заработува повеќе од Нагелсман

Јирген Клоп ќе ја преземе улогата на селектор на германската фудбалска репрезентација, а п…