
Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор би можел да го напушти Реал Мадрид веќе ова лето. Преговорите за новиот договор стојат во место и оптимизмот за продолжување на соработката значително опадна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ситуацијата е таква што двете страни не можат да се договорат околу платата. Клубот му нуди 20 милиони евра на годишно ниво, а агентите бараат сума која е поблиску до 30 милиони евра, колку што има Килијан Мбапе.
Меѓутоа, Реал нема да ја зголеми понудата ни за евро. На маса е што е, и сега само од Вини зависи дали ќе прифати или не.
“Во Мадрид повеќе нема оптимизам околу новиот договор за Винисиус Жуниор. Клубот чувствува дека Бразилецот не ги почитува”, наведува Рамон Алварез.
Веќе се споменува можноста за заминување на Винисиус. Најверојатно би можело да се случи ова лето.
Следните денови сигурно ќе донесат многу повеќе информации на оваа тема. Реал полека го губи интересот за продолжување на преговорите и нема да биде изненадување ако Бразилецот го напушти Бернабеу.
Во позадината на приказната стои и чувството во клубот дека Вини станал премногу фокусиран на сопствениот статус во соблекувалната. Раководството на Реал смета дека му дале максимална поддршка во најтешките моменти, од повреди до расистички извици на шпанските стадиони, и сега очекуваат дека и од негова страна ќе постои разбирање за финансиските рамки кои клубот ги поставил.
Од друга страна, кампот на Винисиус е убеден дека Бразилецот заслужува статус на еден од најдобро платените играчи во Европа. Истакнуваат дека со години беше мотор на офанзивата, дека го носеше тимот во најважните натпревари од Лигата на шампионите и дека е маркетиншки огромен адут на Реал на глобалниот пазар.