Дома Фудбал Стана јасно што ќе предложи Јувентус на ПСЖ по првата одбиена понуда

Стана јасно што ќе предложи Јувентус на ПСЖ по првата одбиена понуда

Јувентус подготви нова понуда за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, откако нивното понудено нешто над 30 милиони евра беше отфрлено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според трансферниот експерт Николо Скира, „бјанконерите“ се подготвени да понудат заем со обврзна опција за купување. Тоа подразбира 10 милиони евра за позајмица и 25+3 милиони евра за траен трансфер. Во меѓувреме, торинскиот гигант веќе се договори со самиот играч за петгодишен договор со плата од 5 милиони евра годишно.

Коло Муани веќе има играно за Јувентус, и тоа во втората половина на сезоната 2024/25, кога Французинот постигна 10 гола и 3 асистенции во 22 натпревари. Веднаш потоа, „Старата дама“ побара нов договор со ПСЖ, но оттаму ги одбија нивните понуди за нова позајмица, но со вклучена опција за купување. Интересно е дека по тоа, париските дадоа 27-годишниот играч на Тотенхем на обична позајмица, во текот на која напаѓачот одигра 41 дуел со 5 гола и 4 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер заврши ново засилување за 30 милиони евра!

Интер започна со активности во трансфер периодот и во последните два дена официјално ги об…