
Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Триколорите” го победија Мароко со 2:0 по потполна доминација. Килијан Мбапе промаши пенал во првото полувреме, но се реваншираше со прекрасен гол по еден час игра. Усман Дембеле го постигна вториот гол во 66-та минута. За место во финалето тие ќе се натпреваруваат со победникот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија.
Тимот на Дидие Дешан забележа шестта последователна победа на Мундијалот 2026 и шести пат по ред значајно го надмина својот противник. Тие веќе имаат постигнато 16 голови на Светското првенство, а Мбапе го израмни Лионел Меси и двајцата имаат по осум голови.