Дома Фудбал Интер заврши ново засилување за 30 милиони евра!

Интер заврши ново засилување за 30 милиони евра!

Интер започна со активности во трансфер периодот и во последните два дена официјално ги објави потписите на Александар Станковиќ и Иван Проведел.

Во редовите на шампионот на Италија се работи со полна пареа и така завршија уште еден потпис.

Станува збор за уште еден играч кој доаѓа од Белгија како и Станковиќ, но од Union Saint-Gilloise.

Анан Халали ќе ја зајакне позицијата десно крило кај Кристијан Киву во трансфер вреден 30 милиони евра – 25 милиони е фиксно, додека остатокот е преку бонуси.

Халали е Израелец и во Белгија пристигна пред две години од Макаби Хаифа, каде што и пораснал.

Во Лигата на шампионите одигра 8 натпревари за Union и постигна 3 гола. Од нив, еден беше во победата против италијанскиот претставник Аталанта со резултат 1:0. За белгискиот клуб вкупно одигра 99 натпревари и постигна 8 гола и 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…