Aмбициозниот второлигаш Кит-Го Пехчево остана без тренер после само едно одиграно коло.
Тренерот Емил Грнев изненадувачки си поднесе оставка иако сезоната започна, па тимот ќе мора да бара нов стратег.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Од денес повеќе не сум тренер на Кит-Го. Си поднесов оставка. На тимот му посакувам се најдобро, поминав две прекрасни години тука. Благодарност до првите луѓе што имаа доверба во мене и мислам дека таа доверба ја оправдав“, изјави Грнев.
Во првиот натпревар од сезоната Кит-Го беше поразена од Победа со 2:1.
Фото: Кит-Го Пехчево