Дома Фудбал Ирански фудбалер веќе не може да влезе во САД!

Ирански фудбалер веќе не може да влезе во САД!

Иранскиот репрезентативец Мехди Тораби повеќе нема право на влез во Соединетите Американски Држави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иран се сретна со Нов Зеланд (2:2) во Лос Анџелес, а овој дуел беше исполнет и со контроверзии, беше исвиркана химната, играчите беа жестоко пречекани, а знамињата беа отстранети…

Играчите на Иран се пожалија на третманот од страна на американските власти, кои ги принудија веднаш да ја напуштат земјата и да се вратат во кампот во Мексико.

Се соочија со огромни проблеми и пред почетокот на турнирот, кога визите им беа одбиени. На крајот, успеаја да ги добијат со условот веднаш по натпреварите да ја напуштат земјата и да преминат во Мексико.

Иранците немаа друг избор. Прифатија такво решение, но сега настанал нов проблем. Визата веќе не важи за фудбалерот на крилната позиција, Мехди Тораби.

Тој доби виза само за еден влез во САД. Ја искористи за натпреварот во Лос Анџелес и најверојатно нема да може да им помогне на своите колеги во следните натпревари против Белгија (Лос Анџелес, 21 јуни) и Египет (Сиетл, 27 јуни), како и евентуално во елиминационата фаза на натпреварувањето.

„Фудбалската федерација на Иран се обидува да добие нова виза за фудбалерот Мехди Тораби“, изјавија кратко од извори блиски до Федерацијата.

Тораби, барем засега, може да се спакува и да оди дома. Сигурно е дека Американците нема да му дозволат влез без валидна виза, но ќе видиме дали ФИФА евентуално ќе реагира и ќе осигура дека овој фудбалер ќе може да биде достапен за тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти бил бесен, одржал состанок по ремито со Мароко!

Фудбалската репрезентација на Бразил не започна на најдобар начин на Светското првенство. …