Дома Фудбал МОДЕРЕН МИЛАН: По Аморим доаѓа и спортски директор за да направи револуција!

МОДЕРЕН МИЛАН: По Аморим доаѓа и спортски директор за да направи револуција!

Милан одлучи да направи револуција по сезоната во која останаа без Лига на шампиони.

Раководството на италијанскиот гигант реши да се ориентира кон странски умови и да се оддалечи од италијанската школа.

Откако го доведоа Рубен Аморим со кого договорија тригодишен договор, го решија и прашањето на раководителот на спортскиот сектор.

Станува збор за Маркус Креш, кој доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт.

Тој беше во бундеслигашот последните 5 години, а порано бил две години спортски директор на Ред Бул Лајпциг. За време на неговиот мандат, Ајнтрахт ја освои Лигата на Европа.

Она што е сигурно е дека нè очекува интересен трансферен период во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Фенербахче: Ѕвездата пред камери дозна за шокантната одлука (Видео)

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Рома заврши без победник со резултат…