Дома Фудбал Моќта на Светското Првенство: Голманот на Зеленортските Острови доби 8.000.000 следбеници за еден ден!

Моќта на Светското Првенство: Голманот на Зеленортските Острови доби 8.000.000 следбеници за еден ден!

Голманот на Зеленортските Острови, 40-годишниот Возинја, вчера заблеска против репрезентацијата на Шпанија и одигра го натпреварот на својот живот. 

Човекот кој настапува во втората лига на Португалија се истакна на голот против можеби најсилната репрезентација во светот во овој момент и беше играчот на натпреварот, а колку голема моќ има Светското првенство, докажува и неговата популарност. 

Денес популарноста најлесно се изразува преку бројот на следбеници, а Возинја пред натпреварот со Шпанија имаше околу 50 илјади, конкретно на Инстаграм. 

Сега? Ситуацијата нагло се менува, бидејќи преку ноќ, поточно за помалку од 24 часа, доби 8 милиони следбеници. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продолжува драмата во Фенербахче: Картал го исклучил телефонот и не се појавил на тренингот

Иако претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим, јавно ја одби оставката на Исмаил Картал,…