Дома Фудбал Скандал во Бразил: Претседателот на Фудбалскиот сојуз со државни пари на Мундијал ги однел сопругата и љубовницата

Скандал во Бразил: Претседателот на Фудбалскиот сојуз со државни пари на Мундијал ги однел сопругата и љубовницата

По драмата со повредата на Нејмар, која бразилската суперѕвезда ја донесе на подготовките за Светското првенство, Бразил е погоден од нов скандал токму за време на турнирот, а во центар на вниманието се најде претседателот на фудбалскиот сојуз на таа земја.

Самир Хауд предизвика огромен хаос откако се откри дека ги користел парите на сојузот, на чиј чело се наоѓа, за да ги плати патувањата и сместувањето на својата сопруга, но и на неговата љубовница!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според истражувањето кое го објави познатиот новинар Лео Диас, Хауд заедно со Камила Кристина Андраде, фитнес претприемачка од неговата родна држава Рораима, претходно престојувале во Њујорк.

Тие двајца биле забележани во елитниот ресторан “Хари Чиприани” на Менхетн, а Андраде престојувала од 2. до 10. јуни во луксузниот хотел “Hyatt Regency Grand Central”.

Износот од 10.500 долари бил платен со парите на Фудбалскиот сојуз на Бразил, а резервацијата во хотелот била поврзана директно со претседателот Xaud.

Самир ја испратил својата љубовница од Њујорк на 10 јуни, а потоа заминал за Мексико Сити, каде го чекала неговата сопруга Наталија, со која е во брак повеќе од 20 години, а заедно присуствувале на церемонијата на отворање на првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните останаа без важен фудбалер пред натпреварот со Хрватска, Тухел повика замена

Англиската репрезентација се соочува со проблем со составот пред почетокот на Светското пр…