
Соблекувалната на Реал Мадрид повеќе не сака дел од тимот да биде уругвајскиот играч за врска Федерико Валверде.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неверојатни информации стигнуваат од Мадрид. Наводно, играчите на Реал Мадрид во соблекувалната повеќе не сакаат да го видат Федерико Валверде.
Новинарот Игнасио Санчез открива дека новиот тренер Жозе Мурињо веќе добил низа „извештаи“ за Валверде. Ниеден не е позитивен и Наводно, Специјалниот од Флорентино Перез побарал да се реши од Уругваецот.
„Извештаите кои ги доби Жозе Мурињо за Валверде се ужасни“, открива Санчез и продолжува:
„Невоспитан однос кон поранешниот тренер Чаби Алонсо, како и ужасното однесување кон соиграчите во текот на претходната сезона, доведоа до тоа голем процент од играчите во тимот да не сакаат Валверде да биде дел од тимот по враќањето во Мадрид.”
„Последниот инцидент со Чуамени беше исклучително непријатен. Вината е потполно негова”, се наведува.