Дома Македонски спорт Нови два клуба во игра за потписот на Барди!

Нови два клуба во игра за потписот на Барди!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во последниот период се поврзува со разни клубови бидејќи се очекува негово заминување од Леванте.

Договорот на Барди со Леванте е до 2024 година. Тој беше автоматски продолжен, а со тоа Леванте си обезбеди подобра заработка од неговото заминување. За услугите на Барди тие бараат најмалку пет милиони евра.

Шпанскиот новинар Ектор Де Ла Вега сега пренесува дека интерес за Барди покажале Лидс каде што до лани настапуваше Езгјан Алиоски, но и италијанска Салернитана. Овие два клуба се нови на листата.

Претходно името на Барди се поврзуваше со Фенербахче, Лацио, Фиорентина, Лион…Сепак од клубот официјално потврдија само понуда од американската МЛС која Барди ја одбил поради неговата желба да остане во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски ја продолжува голгетерската форма: Нови два гола за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против…