Дома Трансфер зона Не се враќа во Европа, но не и оди и кај Меси: Познат новиот клуб на Иниеста

Не се враќа во Европа, но не и оди и кај Меси: Познат новиот клуб на Иниеста

Aндрес Иниеста го напушти Висел Кобе, но и покрај годините нема намера да стави крај на фудбалската кариера.

Иниеста нема да се врати во Европа, се најавуваше дека ќе се придружи на Интер Мајами каде што се Жорди Алба, Бускетс и Меси, но ниту тоа изгледа нема да се случи. Според последните информации, Шпанецот прифатил да се пресели во Обединетите Арапски Емирати.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Поранешниот шпански репрезентативец е пред потпис со ФК Емирати кој во претходната сезона се избори за промоција и враќање во највисокиот ранг на професионалниот фудбал во таа земја.

Трансферот на Иниеста би можел да биде потврден во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…