Дома Фудбал Останато Иниеста купи фудбалски клуб во Данска

Иниеста купи фудбалски клуб во Данска

Поранешниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста денеска потврди дека тој и неговата компанија „Никогаш не вели никогаш“ станале сопственици на данскиот фудбалски клуб Хелсингер.

Во моментот, Хелсингор се натпреварува во третата лига во Данска, а во сезоната 2017/18 кратко беше дел од данската Суперлига.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Фудбалот и спортот се мојата страст. Она што го слушам за клубот е многу охрабрувачко. Уверен сум дека можам да го пренесам своето искуство и да придонесам за развој и напредок,“ изјави Иниеста 

Иниеста се повлече од играњето во октомври оваа година на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше Емирати од ОАЕ.

Како дел од Барселона, Шпанецот девет пати стана шампион на Шпанија, шест пати го освои Купот на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е и светски шампион и двократен европски шампион. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…