Дома Фудбал Италија Милан има пеколен план: Доаѓаат Гвардиола и Овермарс!?

Милан има пеколен план: Доаѓаат Гвардиола и Овермарс!?

Раководството на Милан има „пеколен“ план како да го врати клубот во самиот светски врв, пренесува „Мундо Депортиво“.

Милан во летниот преоден рок беа активни на трансфер-пазарот меѓутоа засилувањата барем досега не ги оправдаа очекувањата, па после само седум кола дојде до тренерска смена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, Стефано Пиоли е само привремено решение, а „Елиот“ има „пеколен“ план за следното лето и сака на клупата да го донесе Пеп Гвардиола. Притоа, сопствениците за спортски директор го сакаат креаторот на Ајакс, Марк Овермарс.

Проблем за Милан секако ќе претставува фактот што Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2021 година, додека Овермарс неодамна ја продолжил соработката со Ајакс до 2024 година.

„Мундо Депортиво“ пишува дека сопствениците нема да жалаат пари за да го остварат своите цели и дека од следното лето може да почне „воскреснувањето“ на италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бобан Илиоски ќе се бори за светска титула и тоа – во Скопје!

Бобан Илиоски, најдобриот македонски кикбоксер ќе се бори за светската шампионска титула н…