Супер интересен натпревар одиграа Наполи и Удинезе иако не изгледаше.
Наполи водеше со 3:0. Првиот гол за Наполитанците дојде во првото полувреме по асистенцијаата на Елмас за Осимен. Зјелински до крајот на првиот дел зголеми на 2:0. Во второто полувреме Елмас и се запиша во листата на стрелци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тие моменти изгледаше дека Наполи го чека мирен финиш. Сепак, Удинезе преку Илија Несторовски во 79. минута намалува на 3:1, Нестор само осум минути претходно влезе во игра. До крајот Самрџиќ погоди за 3:2, сепак за повеќе сили Удинезе немаше, па Наполи сепак ги освои бодовите.