Македонскиот интернационалец Илија Несторовски летово се врати во Хрватска и го облече дресот на Славен Белупо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој подолго време не е дел од националниот тим, а сега го обвини селекторот Милевски дека не го повикува од лични причини.
„Не играм за репрезентацијата бидејќи селекторот така одлучи. Не ме повика бидејќи сум во добри односи со Пандев и поранешниот селектор Ангеловски. Нема тоа врска со новиот клуб. Не сум повикан бидејќи наводно не се вклопувам во тактичките замисли на Милевски, но тоа нема врска. Можеби некои луѓе немаат храброст за конфронтација“, изјави Несторовски.