Дома Македонски спорт Македонија денес ги добива противниците во Лигата на Нации!

Македонија денес ги добива противниците во Лигата на Нации!

Македонија денес по Конгресот на УЕФА во Париз, Франција во 18:00 часот ќе ги добие противниците во новото групата за новото издание од Лигата на Нации.

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација повторно ќе настапува во Лигата „Ц“.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Избраниците на селекторот Благоја Милевски од третиот шешир, а во истиот се наоѓаат и Словачка, Северна Ирска и Кипар кои не можат да им бидат противници.

Лига „Ц“

Шешир 1: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Шешир 2: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Шешир 3: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Шешир 4: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија

Првопласираните од секоја група ќе обезбедат пласман во повисок ранг, односно Лигата „Б“. Првите натпревари од групната фаза ќе се играат во периодот 5-7 септември 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Де Зерби брутално искрен: Можете да го наречете „класик“, но Марсеј и ПСЖ не се споредуваат

Тренерот на фудбалерите на Олимпик Марсеј Роберто Де Зерби смета дека не е соодветно да се…