Македонската ракометна репрезентација денеска во Скопје ги започна подготовките за двата пријателски натпревари против Романија, во рамките на ЕХФ неделата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот Лазаров истакна дека Романија е вистински тест пред пресметката против Фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство 2025.
„Ќе се обидеме максимално да ја искористиме оваа ракометна недела. Пред се, целта е оние играчи кои имаат помала минутажа да добијат шанса и да одиграат натпревари за добивање поголемо искуство за она што ни следи во блиска иднина и бараж дуелот за СП 2025 против Фарските острови“.
„Романија е квалитетна селекција. Има и промена на селекторот, и носат една нова енергија. Добро е што играме на гостински терен, за нашите млади момци малку повеќе се привикнуваат на играта на гости, затоа што првиот натпревар од квалификацискиот бараж против Фарските острови е на гости. Затоа како селектор барав за време на оваа ЕХФ надела да одиграме два натпревари на гостински терен“, истакна Лазаров.