Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров по ремито: Горд сум на момците

Лазаров по ремито: Горд сум на момците

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа првичните свои импресии по ремито 29:29 со Австрија.

„Можеме да бидеме задоволни затоа што постигнавме гол, а можеме да бидеме и незадоволни затоа што претходно имавме пенал за водство. Ако го дадевме тој гол сигурно ќе имавме мала психолошка предност.Таков е спортот, таков е ракометот, некако не нè прати среќата. Велат среќата се заслужува, па веројатно ние се уште не сме ја заслужиле“, изјави Лазаров.

„Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во репрезентацијата владее добра атмосфера. Ќе се обидеме против Катар да одиграме на ниво и покрај проблемите со повредени и болни во нашиот состав“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Охрид продолжува со победи: Куманово немаше одговор за гостинската предност

Охрид славеше со 28-24 во Куманово и ја запиша седмата првенствена победа. Тимот на Борис …