
Кувајтскиот Бурган, предводен од извонредниот Косуке Јасухира, се закити со титулата на Азиското клупско првенство откако во драматичното финале го совлада Ал Калиџ со 34-32.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јапонскиот интернационалец беше клучната фигура во походот кон трофејот, а во финалниот натпревар уште еднаш ја потврди својата класа. Јасухира постигна девет голови, запиша шест асистенции и избори три седмерци, со што беше најзаслужен за триумфот на својот тим.
Неговите одлични настапи на турнирот беа наградени со признанието за најкорисен играч (МВП). Дополнително, тој заврши како најдобар асистент на шампионатот со вкупно 27 успешни додавања, додека на листата на стрелци се најде на четвртото место со 36 погодоци.
За Јасухира ова претставува само продолжение на одличната форма што ја демонстрираше и во дресот на Охрид. Токму тој беше еден од носителите на играта на македонскиот клуб во сезоната во која охриѓани стигнаа до историскиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп.