
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјави дека неговата репрезентација не го започнала Светското првенство како што посакувала.
Фудбалерите на Португалија и Демократска Република Конго одиграа нерешено 1:1 во Хјустон, во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство.
Роналдо не разговараше со новинарите по натпреварот, но се огласи на мрежата Х.
„Не беше стартот што го сакаме, но ова не е завршено. Главата горе и фокус на следниот натпревар”, напиша 41-годишниот Роналдо, кој ја одигра својата 229. средба за националниот тим.
Não era o arranque que queríamos, mas isto está longe de ter acabado. Cabeça levantada e foco no próximo jogo. pic.twitter.com/YoH3RQcz9z— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) June 17, 2026