Дома Останати Тенис Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања застануваат или паѓаат во сенка кога започнува Светското првенство во фудбал. Дури и на турнирот во Квинс се следи Мундијалот, а аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло испрати преку камера порака до својата национална репрезентација и лично до Лионел Меси.

Серундоло се пласираше во четвртфиналето победувајќи го Џенсон Бруксби со 6:0, 6:4 за час и половина, а потоа зема фломастер, долго размислуваше и на крај напиша го името на Меси со знак за бесконечност.

Се знае колку Аргентинците се посветени на фудбалот и колку љубов покажуваат кон тој спорт, без разлика колку се дел од некоја друга вештина, што сега го гледаме и на примерот на тенисерот.

“„Гаучосите” во првото коло победија против Алжир на Мундијалот со 3:0, а сите три гола се дело на Лионел Меси кој уште еднаш блесна во својот стил не грижејќи се за годините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)

Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отв…