Дома Македонски спорт Мак ракомет Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Пелистер се спаси од пораз: Хосни во последна секунда погоди против Алкалоид (Видео)

Актуелниот ракометен шампион Пелистер освои голем бод на гостувањето кај Алкалоид во Автокоманда, откако во последните секунди Хосни погоди за 33-33.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Битолчани го отворија натпреварот со водство, но Алкалоид брзо ја презеде иницијативата и поведе со 6-4. Првото полувреме заврши 15-14 во корист на домаќините.

Во вториот дел, скопскиот тим успеа да стигне до водство од четири голови, но Пелистер брзо го намали резултатот и го држеше натпреварот тесен. Во самиот финиш, Алкалоид не искористи шанса за победа, а Хосни го израмни резултатот за конечни 33-33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…