Дома Трансфер зона Жиру не е задоволен, а Сари тврди: Ќе остане во Челзи!

Жиру не е задоволен, а Сари тврди: Ќе остане во Челзи!

0

Напаѓачот на Челси, Французинот Оливие Жиру, изјави дека не е среќен што по доаѓањето на Гонсало Игуаин во тимот, тој стана втора опција во нападот.

Сепак, тренерот на „сините“ Маурицио Сари потврди дека Оливие Жиру нема да замине од Лондон и покрај тоа што Французинот не е задоволен со својата улога во тимот.

„Клубот има опција да го продолжи договорот на уште една година. разговарав со управата и се договоривме да ја искористиме таа можност. Па тоа значи дека тој ќе остане“, изјави Сари.

Жиру сезонава постигна 12 голови во сите натпреварувања, но само два во Премиерлигата, каде што беше стартер на само седум натпревари.

„Фрустриран сум кога не сум на теренот, но тоа не сакам да го покажувам. Не сум среќен што сум втор напаѓач во тимот, сакам да уживам во мојот фудбал. Тоа мора да се реши до крајот на сезоната“, изјави 32-годишниот напаѓач.

Францускиот репрезентативец потврди дека има понуди од други клубови, па останува да видиме дали навистина ќе остане на „Стенфорд Бриџ“.

Французот во тимот на Челзи пристигна во 2017 година, од Арсенал, а медиумите на Островот тврдат дека главната причина поради која Челзи сака да го задржи во своите редови е фактот што „сините“ имаат заврана за трансфери од страна на ФИФА во следните два преодни рока.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали Матиќ ќе го следи Мурињо во Тотенхем?

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на …