Дома Останати Кошарка Драма, гром и кош со звукот на сирената, Звезда е шампион на Србија!

Драма, гром и кош со звукот на сирената, Звезда е шампион на Србија!

0

Во четвртиот натпревар од финалето на кошаркарската суперлига помеѓу Партизан и Црвена Звезда видовме апсолутно се. На крајот победа однесе Црвена Звезда со резултат 76:75.

Во првиот период видовме добра игра на Партизан кој овој период го доби со резултат 23:16. Продолжението од натпреварот ни донесе игра кош за кош и овој период заврши со 19:18. На полувреме се замина со резултат 42:34 во корист на Партизан.

Третиот период донесе многу подобра игра на Црвена Звезда. „црвено-белите“ тој период го добија со 18:10. Така после 30 минути игра резултат беше 52:52.

Четвртиот период донесе вистинска драма во секој поглед. Прво гром удри во салата „Пионир“ и поради оштета на кровот натпреварот беше прекинат половина часа.

После прекинот се играше кош за кош се до самиот крај. Били Барон го водеше последниот нападн а Звезда и со звукот на сирената погоди за големо славје на избраниците на Милан Томиќ.

Звезда однесе победа со резултат 76:75.

Најефикасен во победничкиот тим беа Били Барон со 21 и Дејан Давидовац со 13 поени. Партизан беше предводен од Ѓорѓе Гагиќ со 11 колку што постигна и Алекс Ренфро.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Барса понуди две ѕвезди и 40 милиони за Нејмар, ПСЖ кажа НЕ!

Преговори помеѓу Барселона и ПСЖ за трансферот на Нејмар постојат, иако клубовите немаат д…