
Новак Ѓоковиќ во понеделникот вечерта, во текот на церемонијата на прогласување на најдобар спортист во светот, изјави во интервју за „Eurosport“ дека е повреден и дека затоа не игра во Мадрид, но дека се надева на учество на Ролан Гарос. Мастерсот во Рим кој е меѓу овие два натпревари не го спомна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во подоцнежно интервју за шпанската станица „Теледепорте“, малку ја ревидираше ситуацијата:
„Тренирам за да бидам подготвен да играм во Рим. Не можам ништо да прогнозирам, сè зависи како ќе се развива состојбата со мојата повреда, но за Ролан Гарос ќе бидам подготвен.
Ноле пред, за време и по церемонијата Лауреус даваше многу изјави. Ја повтори и желбата да ја брани златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес.