Дома Фудбал Мбапе случајно открил кого сака за нов тренер на Реал?!

Мбапе случајно открил кого сака за нов тренер на Реал?!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги разгоре шпекулациите околу иднината на тренерот на Реал Мадрид, откако понуди интригантна реакција на Инстаграм, каде португалскиот стратег Жозе Мурињо се споменуваше како можен следен предводник на „Кралскиот клуб“, пишува Марка. Иднината на клупата на Реал Мадрид е топ тема во овие денови, особено откако сезоната за нив завршува без освоен трофеј.

Медиумите бурно ги споменуваат многу имиња како потенцијални наследници на Алваро Арбелоа, ако претседателот Флорентино Перез реши дека тој нема да ја води екипата во сезоната 2026/27. Меѓу кандидатите е и поранешниот тренер на клубот, Жозе Мурињо, кој во моментов е во Бенфика, а Реал го предводеше од 2010 до 2013 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гласините за можното враќање на Португалецот брзо се проширија низ медиумите и социјалните мрежи. Профилот @Score90 на Инстаграм го презентираше Мурињо како иден тренер на „Белите“, а објавата доби и едно неочекувано „лајкнување“ – тоа на Килијан Мбапе.

Францускиот напаѓач ја одобри објавата која собра над 25.000 реакции. Во неа се споредуваат статистиките на Кристијано Роналдо пред и за време на престојот на Мурињо во Реал, а исто така се претставуваат и податоци за Мбапе.

Реакцијата на Мбапе предизвика огромен интерес меѓу навивачите на Реал, кои со нетрпение чекаат вести за иднината на тимот по една разочарувачка сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на …