
По испаѓањето од Лигата на шампионите, навивачите на Реал Мадрид ги пречекаа играчите со свирежи. Особено цел на критики беа Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Но, токму овие двајца фудбалери му донесоа победа на Кралскиот клуб на овој натпревар. Постигнаа по еден гол.
Реал започна офанзивно од првата минута, а во 30. минута стигна до предност. Килијан Мбапе со помош на играч од Алавес постигна гол за 1:0.
На паузата се замина со минимално водство на Реал од 1:0, за веднаш по пет минути игра во вториот дел Реал да постигне втор гол. Винисиус Жуниор постигна одличен гол за 2:0.
А потоа во завршницата на натпреварот следи офанзива на Алавес. Гостите ги притиснаа Кралскиот клуб и промашија неколку навистина неверојатни шанси.
Уште еднаш ја погодија рамката на голот, Лунин неколкупати спасуваше, сѐ до 93. минута кога Мартинез погоди за конечни 2:1.
Алавес целосно ги надмина Кралските играчи во последните околу 15 минути. Не е никакво чудо што навивачите на Реал ги испратија своите миленици со големи свирежи. Големо е незадоволството во Мадрид.