
Италија е една од репрезентациите која оваа година нема да учествува на Светското првенство, туку наместо тоа ќе одигра две пријателски натпревари во јуни против Луксембург и Грција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Донарума е еден од играчите кои се понудија на располагање на новиот селектор за двете пријателски натпревари во јуни.
Тоа ќе бидат два пријателски натпревари кои требаше да бидат подготвителни натпревари за Светското првенство.
Италијанците ќе треба да ги одиграат поради проблеми со ТВ правата, а потоа ќе се сместат пред малите екрани и ќе го следат Светското првенство.
Селектор за овие два натпревари ќе биде Силвио Балдини, човекот кој инаку е селектор на У21 репрезентацијата на Италија.
Со него ќе ги донесе своите играчи од младинската репрезентација на Италија за кои се смета дека имаат најголем потенцијал наскоро да станат сениорски репрезентативци.