Дома Останати Кошарка Стравичен пад на Вембанјама: Доживеа потрес на мозокот (Видео)

Стравичен пад на Вембанјама: Доживеа потрес на мозокот (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио беа изненадувачки поразени од Портланд со 106:103, но главната вест од вечерта е повредата на Виктор Вембанјама.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во втората четвртина, Вемби се обиде да направи ролинг за да го пребари Џру Холидеј, но се сопна и во полна брзина се удри со лицето врз подот.

Тој лежеше во болка некое време, а при обидот да стане, се затетерави како кога боксерите доживуваат нокаут.

По инцидентот, тој го напушти теренот и не се врати во игра. Согласно објавата по натпреварот, му е дијагностициран потрес на мозокот.

Според претходни искуства со слични повреди, се претпоставува дека Вемби би можел да пропушти неколку натпревари во серијата против Портланд, која е сигурно дека ќе трае барем пет дуели, бидејќи резултатот е изедначен 1-1.

Според правилата на НБА, играчи кои го напуштаат натпреварот поради протокол за потрес на мозок, не може да играат барем 48 часа по инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…