
Флорентино Перез подготвува големи промени во играчкиот кадар на Реал Мадрид ова лето по уште една разочарувачка сезона. Целта ќе биде пред сè да се засили средниот ред, а изгледа дека претседателот на Кралевите веќе знае кого сака да донесе.
Реал Мадрид и оваа сезона целосно потфрли и сите се шансите дека ова ќе биде втора година по ред без трофеи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Секако, за Реал ова е навистина катастрофално со оглед на тоа што во секоја сезона имаат цел да освојат што повеќе трофеи.
По поразот од Баерн и испаѓањето од Лигата на шампионите, јасно е дека во Реал владее многу турбулентен период затоа што Перез одлучи летово да направи промени во играчкиот, но и тренерскиот кадар.
Претседателот на Реал е многу заинтересиран за Алексис Мак Алистер и сака да го ангажира играчот од средниот ред на Ливерпул по Светското првенство.
Мак Алистер и претходно беше поврзуван со Реал, но откако понудата не се реализираше, започна преговори со Црвените за нов договор.