Дома Останати Кошарка „Сите сте вие турски синови“ – ултрасите на Фенербахче одговорија на провокацијата од „Гробари“

„Сите сте вие турски синови“ – ултрасите на Фенербахче одговорија на провокацијата од „Гробари“

Навивачите на Фенербахче на вчерашниот натпревар од Евролигата против Партизан истакнаа транспарент како одговор на провокацијата на Гробарите од првата средба во Белград во ноември минатата година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На кореографијата на турските фанови беше претставена илустрација поврзана со темите од битката на Косово Поле од 1389 година со порака на српски јазик „Сите сте вие турски синови“.

Да потсетиме, приврзаниците на Партизан во првиот дуел од оваа сезона ги претставија илустрациите на Милош Обилиќ како го убива турскиот владетел Мурат, на што реагираше и Евролигата.

Партизан беше казнет со 40.000 евра, заедно со условенa мерка за намалување на капацитетот на салата на 80 проценти за еден домашен натпревар, вклучувајќи затворање на одредени сектори.

Инаку, Фенербахче оствари победа во неизвесниот натпревар против Партизан со резултат 81:78.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Бомба“ во Белград: Теодосиќ повторно во Звезда!

Милош Теодосиќ по една година пауза повторно се придружува на Црвена Звезда. Зошто проблем…