Дома Фудбал Распад-систем: Тренерот на Челси жестоко ги нападна фудбалерите

Распад-систем: Тренерот на Челси жестоко ги нападна фудбалерите

Фудбалерите на Челси загубија уште еден во низата, петти по ред, и тоа без постигнат гол, практично им се потребни оние стрелци од познатото видео каде што навивачите им покажуваат на своите играчи каде да шутираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вкупно 11:0 гол разлика докажува во каква состојба се наоѓа Челси во последните пет натпревари, а што се однесува до клубот кој би се борел за испаѓање доколку играл вакво цело време, кажува и сликата од вчерашниот натпревар.

Брајтон не само што славеше со 3:0, туку можеше да биде и далеку повеќе, фудбалерите на домаќините беа безброј пати сами како духови во казнениот простор, нешто што не го гледате ни во Супер лигата на Македонија.

Нешто не е во ред во Челси и од доаѓањето на Лијам Росениор, кој сега има повеќе порази отколку Енцо Мареска, а беше на клупата во шест натпревари помалку од Италијанецот.

„Постојано излегувам и ги бранам своите играчи, но ова е неодбранливо. Она вечерва, начинот како примавме голови… Нешто драстично мора да се промени, веднаш“, рече Росениор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзна изјава на Раде Богдановиќ на ТВ, го обвинуваат за расизам (Видео)

Аналитичарот и поранешен фудбалер Раде Богдановиќ, во живо на емисијата на РТС посветена н…