Дома Фудбал Ќе играат во трета лига, а фудбалерите ќе тренираат на тренинг-центар вреден 100 милиони евра (Видео)

Ќе играат во трета лига, а фудбалерите ќе тренираат на тренинг-центар вреден 100 милиони евра (Видео)

Англискиот фудбалски клуб Лестер Сити, кој пред десет години изненадувачки го освои шампионатот на Англија, сега доживеа целосен пад и испадна во третата лига. Иако спортскиот успех изостана, „Лисиците“ во понискиот ранг ќе имаат услови на какви што многу од прволигашите можат само да сонуваат, благодарение на еден од најмодерните тренинг-центри во светот.

Плановите за изградба на новиот тренинг-центар прв пат беа претставени на почетокот на 2018 година, две години откако Лестер ја испиша една од најголемите спортски приказни со освојување на Премиер лигата. Проектот беше замислен како наследство на најуспешниот период во историјата на клубот и како остварување на сонот на покојниот сопственик Вичај Шриваданапраба, кој сакаше да создаде тим способен за континуирана борба на врвот на англискиот фудбал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Работите на местото на поранешниот голф-терен Парк Хил, започнаа во пролетта 2019 година. Во проектот, кој го претвори ова место во еден од најнапредните спортски објекти во светот, беа вложени повеќе од 85 милиони фунти, односно околу 100 милиони евра.

Тренинг-центарот, кој зафаќа дури 185 хектари, е во функција од декември 2020 година, а само пет месеци по неговото отворање, „Лисиците“ го освоија својот прв ФА куп. Комплексот се состои од седум згради и 21 игралиште, од кои 14 игралишта се со стандардни димензии. Тука се и просторите со врвна опрема за спортска наука и медицина, специјализирани теретани и базени за хидротерапија.

Централниот дел на комплексот е зградата наречена по покојниот претседател на клубот, Вичај Шриваданапраба. Овој врвен тренинг-центар беше клучен дел од неговата визија, која по неговата смрт ја оствари неговиот син Аијават, познат како Кхун Топ. Во зградата се наоѓаат сите потребни простории за првиот тим, канцеларии, приватно сместување, ресторан и рекреативни простории, а од балконот се протега поглед на тренинг-терените.

Највпечатлива градба е Центарот Кинг Пауер. Неговата впечатлива купола, совршено вклучена во пејзажот, покрива климатизирано игралиште со вештачка трева. Во рамките на куполата се наоѓаат и медиумскиот центар со просторија за прес-конференции, соби за телевизиски преноси и угостителски дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума го контактира новиот селектор на Италија

Италија е една од репрезентациите која оваа година нема да учествува на Светското првенств…