Дома Фудбал Белингам го шири царството – купи акции во клуб за 920.000 евра

Белингам го шири царството – купи акции во клуб за 920.000 евра

Џуд Белингам ги шири своите деловни интереси надвор од фудбалот. Англискиот репрезентативец и играч од средниот ред на Реал Мадрид, според британските медиуми, купил 1% од уделот во крикет-франшизата Бирмингем Феникс. Вредноста на зделката се проценува на околу 800 илјади фунти (околу 920.000 евра). Белингам купил 0,5% од уделот на Ворвикшир (51%) и дополнителни 0,5% од уделот на американската група Knighthead Investment Management, која лани платила 40 милиони фунти за 49% од сопственоста.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Knighthead е исто така сопственик на фудбалскиот клуб Бирмингем Сити, во кој Белингам ја започна својата кариера пред да замине во Борусија Дортмунд како 16-годишник во 2020, а потоа во 2023 во Реал Мадрид.

Како дете, Белингам беше голем љубител на крикетот. Играл во Hagley Cricket Club во Ворчестершиp, а претседателот на клубот Марк Бејкер уште во 2024 за Daily Mail Sport рече дека Џуд “од мали нозе беше природно роден играч на крикет”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик ги израдува навивачите на Барселона, им го кажа тоа што сакаат да го слушнат

Со победата над Реал Мадрид, Барселона ја обезбеди титулата првак на Шпанија, но тимот на …