Дома Останати Кошарка Вембанјама урна два рекорди во НБА!

Вембанјама урна два рекорди во НБА!

Најголемата ѕвезда на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама, ја освои наградата за најдобар дефанзивец во НБА лигата, поставувајќи два неверојатни рекорди во процесот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега, на 22 години, 3 месеци и 17 дена, Вембанјама стана најмлад добитник на ова признание во историјата на НБА.

Пред него, најмлади добитници беа на возраст од 23 години, како што се: Двакт Хауард, Џарен Џексон и Алвин Робертсон.

Но, што е уште поважно, Вемби стана првиот играч во историјата на НБА кој е избран за најдобар дефанзивец со едногласна одлука.

Од можните 100 гласови, Вемби доби сите 100, остварувајќи нешто што не им успеало ни на легендите како Руди Гобер, Хаким Олаџувон, Дикембе Мутомбо, Денис Родман или Бен Волас.

До сега, најдоброто постигнување во гласањето имаше Волас, кој во сезоната 2001/2002 доби 116 од можните 120 гласови за најдобар дефанзивец во НБА.

Вембанјама заслужи оваа награда бидејќи беше лидер во НБА по број на блокади (197), остварени 66 украдени топки и беше клучен играч во одбраната на Сан Антонио, која беше втора по дефанзивен рејтинг (110,4).

Се најде на четвртото место по број на скокови, со просек од 11,5 скокови по натпревар, и втор по број на дефанзивни скокови (9,5).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шортс го менува клубот, еве каде ќе продолжи!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс би можел да ја продолжи кариерата во…