Дома Фудбал Што му требаше ова на Мбапе: Французот повторно се обидува да биде поголем од Реал (Видео)

Што му требаше ова на Мбапе: Французот повторно се обидува да биде поголем од Реал (Видео)

Килијан Мбапе направи потег каков што се нема видено на натпревар против Алавес. Последните неколку минути ги помина крај аут линијата и едвај чекаше да излета од теренот.

Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор беа дочекани на „нож” од страна на навивачите на Реал Мадрид. Добија голема свиреж на Бернабеу, што не му се допадна.

Вечерва постигна гол во победата од 2:1, ја доби наградата за играч на натпреварот, но на крајот повторно направи неславен потег.

Во последните неколку минути од мечот против Алавес, Французот буквално беше залепен покрај аут линијата. Речиси и не учествуваше во играта.

Само чекаше натпреварот да заврши. Кога судијата го означи крајот, Килијан го соблече дресот, му го подари на тренерот на Алавес Кике Санчез Флорес и одлета кон соблекувалната.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија ја почнува новата сезона во Лигата на Нации – Швајцарија е гостин во Скопје!

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тод…