Дома Останати Кошарка Толку од НБА: Богдан Богдановиќ може да се врати во Европа, познато и кој клуб е фаворит!

Толку од НБА: Богдан Богдановиќ може да се врати во Европа, познато и кој клуб е фаворит!

Богдан Богдановиќ би можел наскоро да направи чекор кој би предизвикал голем интерес во европската кошаркарска сцена. Како капитен на српската репрезентација, тој, по успешната НБА кариера и годините минати меѓу најдобрите, според медиумски информации, е на работ од враќање во Европа, и тоа во клуб на кој малкумина помислуваат за неговиот следен чекор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако долго време се шпекулираше дали ќе се врати во Партизан или ќе остане во НБА, новите информации откриваат сосема неочекуван избор. Според извештаите, кариерата на Богдановиќ би можела да продолжи во Бешикташ, каде што тренер е српскиот селектор Душан Алимпијевиќ. Ако се оствари овој потег, ќе биде тоа една од најзначајните трансфер приказни ова лето за европската кошарка.

Богдановиќ ќе остане без договор со Лос Анџелес Клиперс на лето, а сè повеќе се зборува за можна разделба со американскиот клуб. Иако клубот од Лос Анџелес до 26 јуни има можност да ја активира клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона, со годишна плата од 16 милиони долари, сепак таков исход се чини неизвесен.

Исто така се споменува можен нов четиригодишен договор вреден 100 милиони долари, но според истите извори, тоа сценарио не е реално во овој момент. Токмутука Бешикташ гледа своја шанса..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дали ова е крајот? Леброн Џејмс зборуваше за пензија

Леброн Џејмс, по елиминацијата на неговиот Лос Анџелес Лејкерс од страна на Оклахома Сити …