Дома Фудбал Буфон за катастрофата на Италија: Попрво ќе поверував дека ќе видам 1000 вонземјани

Буфон за катастрофата на Италија: Попрво ќе поверував дека ќе видам 1000 вонземјани

Легендарниот Џанлуиџи Буфон ја извршуваше улогата на шеф на делегацијата на италијанската репрезентација минатиот месец кога Азурите доживеаја тежок пораз во баражот за Светскиот куп од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. На крајот, Змејовите победија со 4:1 по изведување на пенали.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој неуспех дополнително ја продлабочи кризата во италијанскиот фудбал, која трае веќе години наназад. Да се потсетиме, Италија не успеа да се квалификува на Светскиот куп 2018. по неуспешниот натпревар против Шведска, што воедно означи и крај на репрезентативната кариера на Буфон. Нов шок следуваше во 2022. година, кога Италија беше елиминирана од Македонија, останувајќи без пласман на Мундијалот во Катар.

Говорејќи за последното разочарување, Буфон не го криеше незадоволството.

“Тоа беше болна страница за италијанскиот фудбал и за мене лично. Ако некој ми кажеше пред дванаесет години дека ова ќе се случи, повеќе би верувал дека ќе видам илјада вонземјани околу мене отколку да гледам Италија како не се квалификува на три последователни големи турнири. Но, ова е нашата реалност”, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“ на повидок: Алварез може да направи трансфер од 150 милиони евра!

Хулијан Алварез е едно од имињата кои би можеле да го привлечат вниманието на летниот тран…