Дома Трансфер зона Депај од јануари во Премиер лигата

Депај од јануари во Премиер лигата

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Поради тоа сака да ја промени средината, а и Барселона сака да се ослободи од него.

Најконкретен интерес за Холанѓанецот покажува Њукасл, кој сака да го доведе во зимскиот преоден рок.

Со оглед на фактот дека напаѓачот влезе во последната година од договорот, Барселона е спремна да го пушти за 10 милиони евра, сума која нема да биде проблем за премиерлигашот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…