Дома Топ вести Барселона призна: Направивме СЕ за да го вратиме Нејмар!

Барселона призна: Направивме СЕ за да го вратиме Нејмар!

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау потвди дека каталонскиот клуб направил се што е во нивна моќ за да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Нејмар беше во центарот на вниманието во текот на целото лето бидејќи настојуваше да се врати во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барса исто така имаше желба да го врати Бразилецот и водеше долги преговори со ПСЖ, но на крајот двете страни не постигнаа договор.

„Вложивме големи напори за да го доведеме Нејмар. Направивме се што можевме, испративме две понуди – во едната беа вклучени и други играчи, но добивме впечаток дека ПСЖ никогаш не сакаше да го продаде“, изјави Грау.

„Ние не сакаме да ја изгубиме контролота. Сакаме да имаме најсилен тим, но сакаме и да биде одржлив на долги патеки“, додаде директорот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…