Пеп Гвардиола денес потврди дека младиот дефанзивец Ерик Гарсија одбил да го продолжи договорот со Манчестер Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој 19 годишен Шпанец со Сити има договор до наредното лето и клубот сакаше да ја продолжи соработката, но Гарсија тоа го одби. Гвардиола тоа денес го потврди.
„Да, вистина е Гарсија одби да потпише нов договор. Ми кажа дека сака да игра во некој друг клуб и тоа го почитувам“, јасно кажа Гвардиола.
Поради ваквата одлука 19 годишниот утре нема да биде во конкуренција за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите и изгледа дека неговата авантура на „Етихад“ се завршува.
Англиските медиуми пишуваат дека Гарсија се договорил со Барселона и дека ќе се врати во „Ла Масија“ од каде што потекнува. Пред три години Гарсија се реши од младинските категории на Барселона да премине во Сити. Сега изгледа одлучил дека е време да се врати.