
Манчестер Сити ова лето може да се соочи со серија заминувања, поттикнати од упорните гласини дека Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот по десетгодишното водство. Веста дека Гвардиола решил да си замине, иако договорот му трае уште една година, одекна во понеделникот, ден пред Сити да ја отстапи шампионската титула на Арсенал со ремито против Борнмут.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како можен наследник се спомнува поранешениот тренер на Челси, Енцо Мареска, кој во сезоната 2022/23 беше асистент на Гвардиола. Изгледа дека стадионот Етихад го очекува лето полно со промени, а гласините за заминувањата стануваат се’ погласни, како што известуваат англиските медиуми собирајќи информации од различни извори.
Се зборува дека Сити е отворен за продажба на крилниoт напаѓач Савињо. За него бараат над 50 милиони евра, а најверојатно е дека ќе премине во некој друг клуб од Премиер лигата.
Побараната сума е значително пониска од понудата од Тотенхем која Сити ја одби, а изнесуваше околу 70 милиони евра. Таа беше одбиена бидејќи Гвардиола веруваше дека Бразилецот има иднина во тимот. Савињо пристигна во Сити од Троа за 25 милиони евра.
Втората сезона во клубот за него беше обележана со повреди и променлива форма, па затоа најчесто влегуваше од клупата. Вкупно учествуваше во 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и три асистенции.
Клупските легенди Бернардо Силва и Џон Стоунс веќе ги потврдија своите заминувања, збогувајќи се со клубот по освојувањето на ФА купот минатата сабота против Челси. Веќе некое време се пишува и за интересот на Реал Мадрид за клучниот среден играч Родри, а со Реал се поврзува и Јошко Гвардиол. Според Марка, му е понуден на Реал. Германските медиуми исто така пишуваат за интерес на Баерн Минхен.
Наводно, и Нико Гонзалес би можел да замине, откако беше изоставен од составот за последните три натпревари, и покрај тоа што го постигна победничкиот гол во полуфиналето на ФА купот. Поранешниот играч на Порто добро го заменуваше Родри во првата половина од сезоната, но во втората добиваше се’ помалку шанси за игра.