Дома Фудбал Останато Сензација во атлетиката: Падна светскиот рекорд на 110 метри! (Видео)

Сензација во атлетиката: Падна светскиот рекорд на 110 метри! (Видео)

Американскиот атлетичар ЏаКоби Тарп го постави новиот светски рекорд во трка на 110 метри со пречки во Јуџин, Орегон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На универзитетското првенство на САД, дваесетгодишниот атлетичар забележа време од 12,75 секунди, што е за пет стотинки побрзо од претходниот рекорд од 12,80, од 2012 година, на неговиот сонародник Аријес Мерит.

„Бев свесен дека имам потенцијал, но не верував дека ќе го постигнам ова на толку значајно натпреварување. Чувствував дека трчам брзо, а кога го видов времето, останав без зборови“, изјави атлетичарот од Универзитетот Оберн, кој претходно никогаш не истрчал под 13 секунди.

Младиот Американец лани во септември се пласира шести на 110 метри со пречки на Светското првенство во Токио.

Во јавноста стана попознат кога на 60 метри со пречки постигна време од 7,32 секунди, трет најдобар резултат во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија доби нова модерна сала, свечено отворен „Расадник“! (Фото)

Министерот за спорт, Борко Ристовски заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоск…