Дома Актуелно Чаби Алонсо: Хендерсон е клучниот играч на Ливерпул!

Чаби Алонсо: Хендерсон е клучниот играч на Ливерпул!

Легендарниот играч на Ливерпул, Чаби Алонсо тврди дека клучниот играч на Ливерпул е Џордан Хендерсон.

Хендерсон игра на истата позиција на која играше Алонсо, и двајцата освоија по еден трофеј во ЛШ со „црвениот“ дрес, а Англичанецот стигна и до капитенската лента.

Легендарниот Шпанец тврди дека Хендерсон е клучен играч бидејќи има големо влијание како на теренот така и во соблекувалната.

„Џордан Хендерсон е клучна фигура во тимот на Ливерпул. Мислам дека е многу респектиран од своите соиграчи, а тоа е многу важно. Тоа се чувствува дури на трибините. За начинот на игра неговата енергија е многу важна“, изјави Алонсо.

„Тој врши висок пресинг и игра према напред, па има одлична врска со напаѓачите. Нападот е најважен во тимот на Клоп, а Хендерсон е клучен за тоа“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …