Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда и официјално се раздели со тренерот Владимир Јовановиќ.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„КК Црвена Звезда ја известува јавноста дека клубот во договор ја прекина соработката со поранешниот прв тренер на сениорскиот тим Владимир Јовановиќ.




Клубот сака да ја искористи оваа прилика да му се заблагодари на Владимир Јовановиќ за огромната енергија, труд и работа што ги вложи на исклучително напорната позиција на прв тренер на нашиот сениорски тим.




КК Црвена звезда навремено и во најкус можен рок ќе ја информира јавноста за следните чекори во оваа прилика и за именувањето на новиот прв тренер“, беше соопштено.
Според најавите, на негово место ќе дојде искусниот Душко Ивановиќ, но се чека официјална потврда.