Jaсно беше дека натпреварот помеѓу Звезда и Партизан кој се играше пред 20.000 навивачи е потенцијално жариште на коронавирусот, а тоа го кажуваат и последните информации од Црна Гора.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Директорот на Клиничкиот центар во Црна Гора, Евто Ераковиќ за медиумите изјави дека новите случаи на коронавирусот во нивната земја се од навивачи кои биле на дербито.
Според Ерковиќ заминувањето на црногорските навивачи да го гледаат дербито во Белград е причината што им се вратил коронавирусот.
„Во Италија знаеме се почна со натпреварот во Милано. Сега можеби имаме среќа што вирусот е со помал потенцијал, меѓутоа не можеме да бидеме сигурни“, изјави Ерковиќ.