Eрменија ќе ја пречека Македонија денес во 18:00 часот и тоа ќе биде дуел кој ќе го даде патникот во „Б“ лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На нас ни е потребно и реми за да бидеме победници во групата и да се пласираме во ранг погоре. Селекторот Игор Ангеловски пред овој натпревар се соочи со многу проблеми, па денес на терен ќе видиме еден поинаков тим на Македонија затоа што не се во комбинација за настап голем дел од стандардните репрезентативци.
Меѓутоа немаме само ние проблеми и Ерменците имаат маки пред овој дуел. Имено, дури осум репрезентативи членови на Ерменската репрезентација се позитивни на Ковид-19. Половина од тие осум се фудбалери, е еден од тренерскиот тим, а останатите тројца се дел од делгацијата. Денес Капарос не ќе може да смета на: Газ Газарјан, Саргис Адамјан, Андре Чалишер и Григор Меликсетјан.
СПИСОКОТ ФУДБАЛЕРИ НА ЕРМЕНИЈА ЗА ДЕНЕШНИОТ ДУЕЛ
