Диего Марадона предизвика голема вознемиреност кога на официјалната ждрепка за Светското првенство во Русија вчера кога се појави со два часовници.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинската легенда беше задолжена за извлекување на топчињата за да ја открие судбината на најголемите светски држави. Марадона е познат по тоа што има ексцентричен карактер, но изгледа дека многумина ги збуни кога одлучи да носи два часовници за големиот ден.
Аргентинецот од глава до пети беше облечен во црно со жолта кравата, изгледаше паметно. Меѓутоа, со својот стајлинг имаше и два часовници, по еден на двете раце. Фановите на аргентинската легенда на Фејсбук коментираа дека премногу се средил за ждрепката, а два часовници на неговите раце го оправдаа фактот дека тој едноставно е таков – ексцентричен лик кој секогаш има на себе два часовници.
Имено, еден од часовниците е за времето на местото во кое се наоѓа, а другиот е поставен на времето од Аргентина.